Бугарската полиција трага за Александар Стојанов (25), кој по апсењето поради грабеж во центарот на Софија, успеал да побоегне од полицијата и тоа со нивното возило.
Стојанов бил уапсен во петокот по полноќ поради сомневање дека извршил кражба, но при апсењето тој давал отпор и се спротиставувал, на крај сепак усеал да им побегне на полицијата со нивното возило марк „опел астра“, соопштила бугарската полиција.
Полицијата подоцна го пронашла своето возило, но не и Стојанов.