Заваровалница Триглав и Групацијата Триглав го задржуваат рејтингот „А“

popara28 ноември, 20111min00
logo-triglav

Водечката агенција за кредитен рејтинг Standard & Poor’s на 22-ри Ноември, 2011г. објави дека ја потврдува оценката „А“ за долгорочен кредитен рејтинг и финансиска моќ на Заваровалница Триглав д.д. и Групацијата Триглав, веќе четврта година по ред.

Истовремено, Standard & Poor’s потврди дека Позаваровалница Триглав Ре д.д., која е една од подружниците на групацијата, исто така го задржува кредитниот рејтинг „А“. И двете компании добија потврда за стабилна прогноза за рејтингот на среден рок што претставува доказ дека Групацијата Триглав е водечка осигурителна и финансиска институција во Словенија, како и една од водечките компании на пазарот во Југоисточна Европа.

Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s повторно ја потврди оценката „А“ за кредитен рејтинг на Заваровалница Триглав, Групацијата Триглав и Позаваровалница Триглав Ре. И покрај намалувањето на кредитниот рејтинг на Словенија за еден степен, Групацијата Триглав го задржа високиот кредитен рејтинг во тешките економски услови. Со потврдување на рејтингот „А“, Групација Триглав исполнува една од своите стратешки цели и добива признание за финансиската моќ, доброто работење и стратешката дисциплина и покрај тешкотиите кои се присутни во глобалната економија и на меѓународниот финансиски пазар.

Според Standard & Poor’s, високиот кредитен рејтинг, кој е достигнување во тековната економска состојба, се должи на нивото на основен капитал и конзервативната стратегија за инвестирање. Standard & Poor’s го оценуваат работењето на Заваровалница Триглав како одлично, при што стабилната прогноза покажува дека агенцијата за кредитен рејтинг очекува дека Триглав ќе го одржи нивото на капитал, како и водечката позиција на словенечкиот осигурителен пазар, конзервативната стратегија за инвестирање и очекуваниот раст и поврат на капитал во регионот на Западен Балкан. Во таа насока, Standard & Poor’s  очекуваат дека Триглав Ре ќе ја задржи положбата на една од двете водечки осигурителни компании во Словенија, како подружница што дава услуги во областа на реосигурувањето на целата групација на Триглав.  

Во изјавата на претседателот на управниот одбор на Заваровалница Триглав, Матјаж Раковец, по повод доделувањето на кредитниот рејтинг, се вели: „Во услови кога голем број компании и земји се соочуваат со влошување на состојбата како резултат на финансиските турбуленции во глобалната економија, исклучително сум задоволен што успеваме да ја одржиме оценката „А“ за кредитен рејтинг. Тоа потврдува дека се движиме во вистинската насока и дека континуирано ги исполнуваме стратешките цели предвидени до 2015 година. Убеден сум дека нашата стратешка ориентираност и во иднина ќе има позитивно влијание врз работењето на целата Групација Триглав, како и врз способноста за добро управување со ризици и градење на финансиска стабилност. Со овој рејтинг Групацијата Триглав се докажа како сигурен партнер на нашите поединечни и корпоративни клиенти.“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag