Флертот е игра во која постојано се обидувате да го „уловите“ она што ви се допаѓа користејќи најразлични трикови. Девојки, еве ви неколку „машки“ трикови кои ќе ви помогнат да го заведете:
Поканете го на состанок: Многу жени сеуште сметаат дека е табу тема да се покани дечко на состанок.Не се плашете вие да видете онаа која ќе го стори тоа, затоа што така ќе изгледате како самоуверена жена која знае што сака и бара.
Бидете отворени за своите намери: Не го заведувајте со лаги за да го донесете во својот дом. Наместо да го повикате да ја види вашата колекција на филмови, обидете се со директен пристап и кажете му дека сакате да ја поминете ноќта со него.
Превземете водечка улога: За време на сексот не се плашете да покажете кои пози вам ви се допаѓаат. Движете се, вртете го, тој од тоа ќе биде малку исплашен, но на добар начин, и ќе размислува за тоа како да ве задоволи.
Барајте: Не го прашувајте “Дали имаш планови за четврток вечер?” или “Ти се допадна овој ресторан?”. Бидете директни и кажете, “Сакам да те видам четвртокот навечер!” и тоа со малку заповеднички тон. Секој сака да се чувствува посакуван, а ќе му биде драго и ако види дека знаете да покажете иницијатива.