Сакате да го освоите мажот на вашите соништа, но не знаете како? Без грижи, еве ви неколку совети на кои „паѓаат“ најголем број мажи:
Прво и основно, мора да го натерате тој да ве „улови“. Значи, мора да се посветите на тоа да го заинтересирате, но потоа мора да го оставите него да се обиде да ве освои, затоа што сите мажи се „ловци“ во душа.
Мора да бидете од оние жени кои не се опседнати со љубовниот живот туку оние кои имаат голем спектар на интересирање, како на пример спорт, работа или уметност. Со еден збор, мора да му покажете дека сте независна, бидејќи мажите не сакаат жена која „ќе им виси на врат“.
Мажите ги обожаваат оние жени на кои не им пречи машкото дружење и кои му оставаат слобода и време за пријателите на својот партнер. Тоа значи дека фудбалот мора да се почитува, доколку сакате да имате успешна врска.
Истражувањата покажуваат дека мажите сакаат жени со став. Затоа, не се плашете да го кажете вашето мислење, но не претерувајте со тврдоглавоста затоа што ќе имате кавги.
Најважно е секогаш да бидете средени, бидејќи тој ве сака онаква каква што ве запознал. Тоа не значи дека треба да бидете нашминкани и во кревет, но трудете се да ја одржите вашата линија и задржете го вашиот стил на облекување.
Исто така е многу важно да бидете отворени кон сите прашања поврзани со сексот. Не се плашете да покажете што ви се допаѓа, а што не, затоа што веќе кажавме дека мажите сакаат жени со став, па дури и кога станува збор за водење љубов. Бидете сексипилни и секогаш внесувајте интересни нови идеи во спалната соба.