Заведете со асиметрични фустани оваа есен!

popara5 септември, 20111min00
Armani i Dona KAran fustani

Сите познати дизајнери, оваа сезона се посветени на креирање фустани на едно рамо.

Оваа есен и зима играјте на картата – дискретен сексапил со голо рамо. Симетријата е веќе досадна, изживеана. Великаните на модните куќи ширум светот, топло препорачуваат асиметрични фустани, кои максимално ќе ја изразат вашата елеганција и префинетост. Оваа мода отсекогаш била промовирана на црвените теписи од страна на светските ѕвезди, бидејќи тие многу добро знаат дека заводливата асиметрија истовремено е и отмена и секси.

Толку едноставно, толку грациозно, толку женствено! И свечено, и лежерно, погодно за секакви прилики. Тајната е откриена!

Италијанските дизајнери Алберта Ферети, Џорџо Армани и Версаче за ревиите за сезоната есен/зима 2011/2012 подготвија прекрасни асиметрични фустани. Освен нив, овој стил ја инспирирал и легендата на американската мода, Дона Каран, па погледнете што нудиме. Можеби оваа широка палета на фустани ќе ве инспирира и вас за некоја елегантна и секси комбинација, претстојнава сезона.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag