Заводниците носат црвена облека

popara5 декември, 20111min00
crvena

Матадорите користат црвена боја за да го привлечат вниманието на бикот. Ни луѓето не се разликуваат. Кога сакаат да го привлечат вниманието на спротивниот пол, луѓето носат црвена облека. Истражувањата покажаа дека и мажите и жените различно реагираат физички и психички на одредени бои, и дека црвената боја е најдобра за привлекување на внимание.

Со векови црвената боја е позната како бојата на заведувањето и често се поврзува со страста, но и со вулгарноста. Според истражувањата, црвената боја дејствува како стимулант за мажите и ја поттикнува нивната возбуда и сексуална желба. Според резултатите од истражувањето на Универзитетот во Рочестер, мажите сметаат дека најпривлечни и најсекси се жените кои носат црвена боја.

Истиот совет важи и за мажите. Според едно истражување спроведено во САД, Германија, Англија и Кина, за жените мажите се попривлечни доколку носат црвена облека, повеќе од сива, сина или црна гардероба.

Црвената е боја која се поврзува со страст, секс и половите органи. На пример, за многу примати, црвената боја е симбол на алфа мажјаците и нивните полови органи за време на парење, со кои ги привекуваат женките. Затоа, доколку сакате да „одите во лов“ на некоја личност, изберете ја црвената боја и нема да погрешите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag