Зеленчукот ги неутрализира штетните ефекти од пушењето

popara18 декември, 20111min00
Blonde young woman with broccoli --- Image by © Michael A. Keller/Corbis

Најновите истражувања покажуваат дека штетните последици од пушењето може значително да се намалат со здрава и правилна исхрана и конзумирање на многу зеленчук.

Иако и понатаму експертите препорачуваат престанување на пушењето, за оние кои не може да се откажат од оваа штетна навика, тие советуваат конзумирање на зеленчук за ублажување на штетата.

Неодамнешната студија на тим научници од Холандија покажа дека конзумирањето на овошје и особено зеленчук кај пушачите го намалува ризикот од рак на белите дробови. Според резултатите, најважно е да имате разнолика исхрана, односно да јадете најразлични видови на овошје и зеленчук.

Експертите им советуваат на пушачите во својата исхрана да вклучат големи количини на карфиол, брокули, кељ, зелка и келераба. Истражувањата покажуваат дека пушачите кои редовно конзумираат од овој вид на зеленчук најмалку четири пати месечно имаат 22% до 50% помали шанси да заболат од рак на белите дробови. Се советува зеленчукот да се конзумира свеж или пак обарен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag