Зема ли Севка погрешен?!:) или и е “потаман”:))

popara20 август, 20111min00
severina

Сите го нарекуваат “крал на бакарот”, и никој не знае што и со кого работи Милан Поповиќ, кој започна да се спомнува во јавноста, кога почна да излегува со пејачката Северина Вучковиќ. Дали е Милан, вистински или лажен крал, истражија новинарите на загребскиот неделник Глобус.
На веб-сајтот на фирмата на Поповиќ “Amalko grup” најдоа само основни информации – дека е специјализирана во трговијата со стоки меѓу Русија и остатокот од светот. Почна по ред: посета на мајката на Милан, Рада, кај поранешните соседи во Панчево, на фармата која “кралот на бакарот” ја купи во Ченеј, се испитуваше со локалците што работат со нафта  …Мајката на Милан, Рада живее во градот Лимасол во Кипар, во станот, каде што тој вели дека го започнал бизнисот.

– Тука сме живееле седум, сите ние работевме за Милан. Брат му, Слободан и денес го води книговодството, и брат ми работеше за него, а и јас примам плата – изјави мама Рада, објаснувајќи дека сега не знае со што нејзиниот син се занимава со сите, “бидејќи за тоа ќе треба цел ден објаснување”.

Мама Рада на средината на осумдесетите години немала средства за да го школува денешниот “крал на бакарот”. Затоа Милан по отслужувањето војска, во 1986-та година, отиде во посета на неговиот татко Александар во Швајцарија, кој е сега покоен. Тој сам се школуваше со средства од хонорарот што го добивал за транспорт на ски опрема. За почетоците на бизнисот на Милан мајка му вели:

– Дури и продаваше природни козметички производи во САД и Канада. Тој се обиде и во Кипар, но тоа не успеа. Во Србија, Милан Поповиќ работеше со бизнисменот Зоран Дракулиќ, но тој на поканата за интервју изјави дека не би сакал да зборува за него. Мајката на Поповиќ рече дека нејзиниот син бил разочаран од работата таму.

Тоа што мајка му не сакаше да зборува, се егзибициите на Милан со авион.

Тој уште како дете бараше да го запишам во пилотско училиште – изјави Рада, која никогаш не седнала во авион од преголемиот страв.

Во однос на изјавите во медиите за бајачката на Милан, Рада вели дека е точно дека доаѓа ла некоја србинка кај него во Кипар и зборувала за астрологија.
Рада е воодушевена од снајката Северина, која пак и кажала дека мисли дека носи син. Исто така Северина била загришена за нејзините години во однос на бременоста, но Рада ја теши со тоа дека медицината денес е напредна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag