Земјотрес со јачина од 5,3 според Рихтер урна неколку згради во јужниот дел на Шпанија, во близина на градот Лорка, при што загинале најмалку четири лица, изјавиле официјални лица.
Земјотресот бил на длабочина од само 1 км (0,6 милји), на 120 километри југо-западно од Аликанте.
Се вели дека спасувачките екипи брзаат низ улиците на Лорка.
Градоначалникот Франциско Џодар изјави за локалните радио станици дека четири лица го загубиле животот и дека земјотресот предизвикал и материјална штета која со точност не се знае во колкава мера изнесува.
Предходно имало помал потрес со јачина од 4,4 степени.
Шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро има распоредено воени единици за итни случаи на местото на настанот, изјавиле од Spanish EFE news агенцијата.
Голем број на последователни потреси се чувствувале во регионот Мурсија, каде што властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми.
http://www.youtube.com/watch?v=SO8s8aQP9O4&feature=player_embedded