Убедлив триумф над Сан Марино

12 мај, 20110
Tenis (Small)

Македонската Дејвис Куп тениска репрезентација ја оправда фаворитската улога, победувајќи го аутсајдерот Сан Марино, на стартот од турнирот, кој се игра во Скопје, во рамките на третата европска зона од Дејвис-купот, на земјените терени на ТК “Југ”.

Русевски во првиот сингл-дуел во целост го надигра Џакомо Ѕонѕини победувајќи го со убедливи 6-0, 6-0 за наше водство од 1-0 во поени. Томислав Јотовски зголеми на 2-0 во поени совладувајќи го со 6-1, 6-0 гостинскиот тренер и играч Бриги.

Во мечот во двојки рутинска победа од 2-0 (6-4, 6-1) во сетови забележаа Лазар Магдинчев и Предраг Русевски против тандемот од Сан Марино, Џакомо Ѕонѕини и Алберто Бриги.

Утре нашата селекција е слободна, а во петок од 10 часот на централниот терен ќе играме против Андора, а најважниот натпревар ќе ни биде в сабота против победникот од групата Б, каде за првото место конкурираат Турција и Норвешка. Ако во полуфиналето на турнирот го надиграме лидерот од Б-групата, одиме ранг погоре, во втората евроафриканска зона.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *