popara26 септември, 20111min00
0

Zenvo Automotive е данска компанија за спортски автомобили. Таа е водена од Јеспер Јенсен, кој е основач и финансиер на компанијата, и Троелс Волертсен кој е негов партнер. Името „Zenvo” произлегло како комбинација од нивните имиња. Zenvo Automotive била основана во 2004 година, а прототипот на автомобилот Zenvo бил завшрен во декември 2008 година. По финалната фаза на тестирање, производството започнало во 2009 година. Првиот автомобил го добил името „Zenvo ST1.” Досега се произведени само 15 автомобили.

Zenvo е спортски автомобил со високи перформанси. Моќта на автомобилот е достапна преку суперполнач и турбото, но автомобилот може и да се вози за секојдневна употреба. Zenvo има 7-литарски, 8 цилиндречен мотор кој има 1.104 коњски сили. Овој автомобил достигнува брзина од 100 километри на час за 3 секунди, и брзина од 200 километри на час за само 8,9 секунди. Максималната брзина на Зенво ST1 е 375 километри на час.

И покрај големите гуми, колата е релативно мала. Таа тежи 1370 килограми, долга е 4,7 метри, широка 2 метри, и висока 1,2 метри. Таа има систем без клуч, сателитска навигација, моќен телескопски менувач, и кожни тркачки седишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag