МОРСКА ХРАНА- морските плодови содржат чудесен лек за секс. Рибата е богата со омега 3 масни киселини која го крева вашиот метаболизам и ве одржува свежи. Утврдено е дека го зголемува допамин кој ги подобрува центрите во мозокот одговорни за задоволство. Тука е и витамин Б кој е поврзан со плодноста.
ОВОШНО ЗАДОВОЛСТВО- сите овошја, посебно оние богати со витамин Ц, можат да бидат од витално значење во сексуалните активности. Тука е витамин Ц потребен за половите органи. Тестовите покажуваат дека консумирање 500 до 1000 мг на витамин Ц дневно го зголемува бројот и квалитетот на спермата. Плодовите кои спаѓаат во оваа категорија се агруми – киви посебно, рибизли и јагоди.
ЦРНА ЧОКОЛАДА – студиите откриваат дека жените кога јадат чоколада секојдневно се задоволуваат со својот сексуален живот. Чоколадата содржи хемикалии кои се викаат phenethilamin која прави да се чуствувате опуштено и го зголемува задоволството.
БАНАНА- бананата е идеална кога ви треба издржливост во кревет, бидејќи е богата со витамин Б кој ги претвора јаглехидрати во енергија.
ЛУК – прво правило: ако јадете заедно, нема да го чуствувате мирисот.Редовно користење на лук во исхраната може да донесе голема разлика во сексуалниот живот, советуваат нутриционистите.