Вчера во Пекинг започна изградба на кула која треба да биде висока верувале или не точно 500 метри. Таа ќе има облик на вазна, а ќе ја гради групацијата CITIC.
Зградата претставува најновиот амбициозен градежен проект во главниот град на Кина. Архитектите со овој проект отвораат нова ера во светот на градежништвото и дизајнот на зградите.
Целиот објект ќе преставува канцелариски комплекс меѓутоа ќе има и видиковец неколку футуристички ресторани. Зградата ќе биде изградена од челик и стакло, во самиот објект ќе бидат вградени најновите технологии за производство и штедење на електрична енергија.