Жељко Митровиќ го продава Пинк. Можен купувач Џорџ Сорос

popara1 септември, 20111min00
6024534419_3ddb243d08

По повод пишувањето на локалните медиуми дека сопственикот на ТВ Пинк “Жељко Митровиќ одлучил дел од неговата империја за ја подели со странски стратешки партнер, Пинк Медиа Груп”, се огласила со соопштение во врска со гласините во медиумите.

“На седницата на Управниот одбор кој се одржал во четвртокот, на 25-ти август 2011 година, била донесена одлука дека “Пинк Медиа Груп” влегува во преговори за можна докапитализација во износ од 150 милиони евра. Во тек се разговори и преговори со “Mid Europa Partners”, најголемиот европски инвестициски фонд.

Ова стратешко и инвестиционо партнерство ќе му овозможи на “Пинк Медиа Груп” да продолжи да инвестира, за да може на гледачите во регионот да им поуди подобри програми “, пишувало во едно од писмата доставени до српските медиуми.

Со ова соопштение во суштина се потврдува дека “Mid Europa Partners”, компанија која го поседува кабелскиот оператор SBB, а зад која стои неофицијално милијардерот Џорџ Сорос, ќе има значајно учество во сопственичката структура на “Пинк”, пишува СрбијаНет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag