Жената под се поголем стрес во денешницата!

popara9 септември, 20111min00
depresija

Денес, жените имаат за два пати поголеми шанси да страдаат од депресија одколку пред 40 години, тврдат експертите.

Причината е што жените постојано се обидуваат да жонглираат со семејството и кариерата, па во еден момент стануваат преоптоварени и им се смачува од сè. Истражувачите кои ги проучувале менталните здравствени проблеми кај жените во Европа, со сигурност тврдат дека бројот на депресивни жени во споредба со 1970 година е удвоен.

Како најризична група се сметаат жените помеѓу 16 и 42 години, особено кога планираат да родат дете. Жените од оваа старосна група имаат помеѓу 10 и 13 проценти поголеми шанси да станат депресивни, што е двојно повеќе од нивните машки врсници.

Од 80-тите до 90-тите години бројот на депресивни жени бил константен, без осцилации. Меѓутоа, современиот начин на живот и модерните потреби си го чинат своето. Денес, жената мора да биде и мајка и домаќинка и сопруга и да заработува, а тоа создава огромен притисок.

Иако во центарот на ова истражување беа жените, сепак, ни мажите не се поштедени од депресија. Разликата е што тие одбегнуваат да зборуваат за тоа и често никогаш не одат да добијат дијагноза од лекар за тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag