Британка од салон за убавина, наместо со мека и нежна кожа, излегла со изгореници по телото.
Една жена во Британија забележала нешто дека не е во ред, откако почувствувала неподнослива болка, додека козмеричарот поминувал со козметички апарат по нејзните гради, врат и лице.
Британката Шарлот Крипс (40) претрпела вистински пекол за време на посетата на козметичкиот салон. Наместо од салонот да замине разубавена и свежа, таа се здобила со трајно оштетување на кожата.
По препорака од пријател, таа заминала на интензивен третман со кој требала да добие понежна кожа. Меѓутоа, таа сфатила дека нешто не е во ред веднаш штом почуствувала болки по градите, вратот и лицето.
„Бев запрепастена откако се видов во огледало. Целата кожа ми беше со црвени печати, бев како црвена зебра“, раскажала несреќната жена.
Жената најавила дека ќе го тужи козметичкиот салон, бидејќи и нанел неподнослива болка со месци подоцна по третманот.