Жените ги намалуваат своите критериуми во сексот

popara12 ноември, 20111min00
otkrijte-20-stvari-koje-dokazano-obaraju-s-nogu

25% од младите жени се подготвени да имаат секс уште во првата недела на врската.

Иако во време на економска криза, која го тресе целиот свет, многу работи стануваат недостижни, сексот не е еден од нив. Се чини дека жените ги намалуваат своите критериуми и без многу размислување се спремни да “скокнат“ во кревет со кое било машко, што значително ја намали “цената“ на сексот, велат психолозите.

Повеќе од 25% од младите жени се подготвени да имаат секс во првата недела откако започнале да излегуваат со својот нов дечко, а истражувачите веруваат дека подготвеноста на жените на промискуитет е многу поголема отколку пред тоа.

“Цената на секс се формира врз основа на тоа колку едната страна е подготвена да влијае на сексуалноста на другата страна”, вели Кејтлин Вос професорка на Универзитетот во Минесота и автор на неколку трудови за “Сексуалната економија”.

Жените имаат мала корист

Откако е сведена врската на економски модел, истражувачите дошле до заклучок дека мажите добиваат секс по многу евтини цени. Жените, пак имаат многу мала економска корист од тоа.

Сексот стана толку евтини што дури 30% од младите мажи не влегуваат во врска поради љубов, тврдат експертите. Жените долго време сметаат дека ваквиот вид на активност им е потребна на мажите, со цел да ја одржат цената на сексот на високо ниво. Сепак, со поставување на еднаквост меѓу половите и достапноста на порнографијата, допринело цената значително се намали. Покрај тоа, жените го користат сексот како би биле “поконкурентни на пазарот“.

Меѓутоа, доколку сексот е премногу достапен на машкиот пол ,а тоа се повторува во секоја наредна врска, во иднина ќе постојат се помалку причини кои што би ги натерале да се оженат и да останат верни.

Неограничен број на ресурси

Бројот на оженети мажи на возраст меѓу 25 и 34 години денес е 46%, а бројот на слободни жени се зголемува. Изгледа дека за дел од жените кои се подготвени да ја задржат “повисоката цена”, не постои надеж. Покрај големата конкуренција која што е застапена, на пазарот се сé поприсутни речиси неограничени ресурси и технологија. Поточно, доколку некој не сака да вложува време во вистинската жена и вистинската љубов, секогаш може да се сврти кон интернет порнографијата, која никогаш нема да го одбие.

Лошата економска состојба претставува уште една причина зошто мажите одбиваат да се обврзат, бидејќи за да се формира семејството потребна е финансиска сигурност. За враќање на рамнотежата на сексуалната моќ во женска полза, експерти ги советуваат жените: “колективно да одлучат да не ги шират нозете, а на тој начин сексот да си ја поврати својата вредност и жените повторно да ја преземат контролата на пазарот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag