Женските срца почесто се кршат

popara26 ноември, 20111min00
skrseno srce

Џабе не се вели дека жените се понежниот пол. Последните истражувања покажаа дека жените се 7,5 пати повеќе подложни на синдромот на „скршено срце“, бидејќи женското срце има помалку рецептори за адреналин.

Медицинскиот синдром на скршено срце, што се случува секогаш кога сме оставени од некој кого го сакаме, најчесто ги напаѓа жените. Всушност, истражување покажа дека жените се 7,5 пати повеќе подложни на овој синдром и дека дури ги имаат и сите симптоми на срцев удар.

Научниците веруваат дека причината лежи во физиономијата на срцето – мажите имаат повеќе рецептори за епинефринот отколку жените, па така може полесно да се спротивстават на стресот предизвикан од емоционален шок.

Синдром скршено срце предизвикува  емоционална болка, и освен загубата на личноста, врз срцето негативно влијае секој настан кој предизвикува зголемено лачење на адреналин и останатите стресни хормони, како на пример лото добивка.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag