Жером Д’Амбросио е белгиски Ф1 возач, koj e роден на 27 декември, 1985 година во Етербик, Белгија. Во моментов тој вози за Marussia Virgin Racing.
Жером Д’Амбросио својата кариера ја започнал возејќи картинг во период од 1995 до 2002година. Три пати бил шампион на Белгија, а во 2002 бил победник на Формула А светскиот куп.
Во 2003, тој почнал да се натпреварува во белгискиот Формула Рено шампионат. Тој во својата прва сезона го освоил шампионатот.
Во 2004, се натпреварувал во францускиот Формула Рено шампионат. Тој на крајот завршил на четвртото место и бил најдобро пласиран дебитант.
Во 2005, се натпреварувал во италијанскиот Формула Рено шампионат. Исто така завршил на четвртото место.
Во 2006, возел во највисокото ниво на Формула Рено натпреварувањето, Формула Рено 3,5. Д’Амбросио возел за тимот на Tech 1 Racing, меѓутоа после 4 трки тој го напуштил тимот и немал ниту еден освен поен.
Д’Амбросио потоа се префрлил во Euroseries 3000, и возел за тимот на Euronova Racing. Тој имал 3 подиум пласмани и завршил петти во генералниот пласман, иако ја пропуштил првата половина на сезоната.
Во 2007, Д’Амбросио се натпреварувал во Формула Мастер натпреварувањето, возејќи за тимот на Cram Competition. Тој победил на 5 трки, освоил 100 поени и станал првиот шампион во оваа категорија на натпреварување.
Во 2008, Д’Амбросио се натпреварувал во GP2 и во GP2 Aзија, за тимот на DAMS, заедно со Камуи Кобајаши. Тој завршил 11-ти во GP2, додека во GP2 Азија завршил на второто место.
Во 2009, останал во тимот на DAMS, и завршил деветти во GP2. Во 2010 исто така продолжил да вози за истиот тим, и конечно во Монако ја забележа својата прва победа. И покрај победата тој заврши 12-ти во шампионатот.
Во јануари 2010, било објавено дека Д’Амбросио ќе биде резервен возач за Ф1 тимот на Рено. Тој возел на четири трки како замена за Лука Ди Граси.
На 21 декември 2011, Virgin Racing потврдил дека Д’Амбросио ќе вози за овој тим во 2011. Тој два пати бил 14-ти, што всушност е најдобар негов пласман. На неговата домашна трка, Големата награда на Белгија, тој завршил 17-ти, и бил подобар од неговиот клубски колега Тимо Глок.
Во гаражата на Virgin, Д’Амбросио е познат како „Пудинг.” Ambrosia е познат бренд на пудинг во Велика Британија.