Милијардерот Нет Ротшилд слави роденден, доаѓаат Абрамович, Дерипаска и други видни богаташи.
Нет е еден од поистакнатите членови на познатото еврејско банкарско семејство. Нет овој вторник ќе го прослави својот 40 – ти роденден, приредувајќи незаборавна забава која ќе чини милиони евра. На списокот на гости кој се уште не е познат, со сигурност ќе биде врвот на светскиот крем.
Меѓу гостите ќе биде неговиот другар и бизнис партнер Ротшилдов , русинот Олег Дерипаска, кои заедно со Питер Манк се главни финансиери на супер проектот “Porto Montenegro”, кој Црна Гора треба да ја направи нов Монте Карло.
Покани се испратени до највлијателните и најбогатите луѓе во светот , изјавил Колин Кингсмаеил, директор на проектот “Porto Montenegro”.
Еден од оние кои сигурно нема да дојде во Црна Гора, е Сејф синот на Моамер Гадафи, кој во 2008 година бил добредојден гостин кај Ротшилд на неговата забава во Њујорк. Од оние за кои со сигурност се знае дека ќе присуствуваат на роденденот се, родителите на Нет, потоа Јакоб, четвртиот барон Ротшилд, рускиот олигарх Роман Абрамович, Тони Хејворд поранешениот шеф на “British petroleum“, и Роланд Рад , основачот на финансиската група “Finsbury“.