Две панди кои живеат во паркот Наншан во кинеската провинција Шандонг се израдуваа на снегот како мали деца, па не е ни чудно што го искористија за добра забава.
Пандите Hua’ao и Qingfeng, се превртуваа во снегот, па дури и го јадеа.
„Пандите се многу возбудени кога ќе видат снег. Некои од нив дури прават куќа од снег и се кријат во неа. Снегот го јадат како да е сладолед“, изјавила Ма Ронг која работи во паркот.
Снегот не е ништо ново за овој вид загрозени животни, нивните природни живеалишта се наоѓаат на надморска височина од 2000 метри.
Погледнете како уживаа и се забавуваа слатките панди:
httpv://www.youtube.com/watch?v=_UI-6IWeNKE