Дарвин сметал дека црвенеењето е еден од најчудните и најнеобјасниви изрази на човечкото лице и поминал долго време трудејќи се научно да објасни зошто кај луѓето се развил толку очигледен показател кога лажат или кога се засрамени. Тој го зема и фактот дека скоро половина од човечкиот живот и врските што ги гради се сочинети од премолчени вистини и кажани глупости.
Повеќе од еден век по обидите на Дарвин, ние сеуште се сме успеале да го објасниме црвенеењето на лицето подобро од него.
Претпоставки на научниците:
Една идеја е дека црвенеењето во минатото се развило како начин да им се угоди и покори на доминантните членови од заедницата. Ова нагаѓање нема многу смисла, бидејќи на крај, сите црвенееме и овој процес е секогаш против наша волја и нема шанси да контролираме кога ќе поцрвенееме, а кога не за да му угодиме на некој.
Други предлагаат нешто сосем спротивно. Тие сметаат дека црвенеењето е израз на лутина. Сите ние сме нарциси по природа и кога некој во јавност ќе не издаде или засрами, црвенеењето е нашата порака за него која му праќа лути сигнали.
Понатаму, се мисли дека жените црвенеат многу почесто од мажите и научниците мислат дека многу одамна овој израз на лицето еволвирал од постапките на жените кои се обидувале да докажат дека се искрени и потчинети на мажот. Феминистките сигурно ќе го обожаваат овој заклучок на научниците.
Иако науката е дефинитивно немоќна да објасни зошто луѓето црвенеат, сепак сите овие теории се далеку понормални отколку Нео-нацистичката теорија според која црвенеењето го има само кај белите луѓе, па затоа тие се и единствената човечка раса создадена од Бог. Одвратно, нели?
А што мислите вие?