Уште во 1960 година научниците за однесување, Бети Харт и Тод Рајсли, откриле дека децата на богати родители подобро го разбираат прочитаното отколку нивните врсници кои имаат родители со пониски примања. Причината е тоа што богатите родители повеќе разговарале со децата.
Но, оваа предност наскоро може да се претвори во недостаток бидејќи технологијата се повеќе го одвлекува вниманието на побогатите родители кои таа технологија може да си ја дозволат. Па така им ја овозможуваат и на своите деца. Времето кое би требало да го посветат на децата се троши на технологија и разновидни уреди кои ги „окупирале” нивните живот.
Во книгата Добро училиште: Како паметните родители може да остварат нивните деца да добијат образование кое го заслужуваат, новинарката Пег Тајр пишува за тоа како децата денес се играат со направите како што се iPhone или iPad, додека нивните родители праќаат десетици е-мејлови, поради што е „спречена комуникацијата помеѓу детето и родителот”.
Истражувањата покажале дека колку повеќе со детето се разговара, толку тоа покажува подобра способност на разбирање на прочитаното. Накратко, играњето на детото со iPhone, наместо со него да се разговара, ќе го стави детето во неповолна ситуација кога станува збор за учењете да чита.
„Ја мразам играта Angry Birds”, говори Тајр за таа популарна игра. „Нема ниедна причина поради која децата треба да ја играат. Навистина сум загрижена. Детето е зависно на слушање и изговарање на зборовите кои им го прошируваат речникот, па играњето со сите тие уреди им го спречува развојот.”
„Да ги оставите децата да играат Angry Birds за да бидат мирни и тивки? Не сум сигурна дека луѓето разбираат што всушност губат со тоа”, изјавила Тајр.