Трендот на слабеење може сериозно да наштети на нашето здравје. Тоа го докажале и научниците кои минатата недела ги испитувале гените на слабите луѓе. Иако дебелината е главен проблем за предизвикување болести, слабоста пак носи исто така свои ризици.
Еве неколку од ризиците кои му штетат на здравјето на слабите луѓе.
Кршење на коски
Колку сте послаби, толку и густината на коските е помала.
Артритис и срцеви заболувања
Најчесто слабите луѓе се оние кои имаат артритис и имаат тенденција кон срцеви заболувања во средната возраст.
Спонтан абортус
Многу слабите жени често имаат сериозни проблеми за време на бременоста. Жените кои имаат низок BMI пред да забременат имаат и 72% повеќе шанси да имаат спонтан абортус во првите три месеци од бременоста.
Депресија
Слабите луѓе поради својата тежина имаат значајно поголем ризик од самоубиства. Научниците веруваат дека телото на слабите луѓе не произведува доволно серотонин, поради кој може да се чуствуваат добро и среќно.
Болести на белите дробови
Тенките, слабите жени се повеќе се склони кон голем број хронични заболувања на респираторните органи, како што се бронхитис, пневмонија и астма.
Неплодоност кај мажите
Претераната слабост кај мажите може да влијае на нивната плодност. Ж
Сообраќајни несреќи
Слабите мажи имаат поголема веројатност да загинат во сообраќајна несреќа, отколку оние со нормална тежина.