Освен фактот дека во зима не се гледа целулитот и сите несовршености, жените се посекси во зима бидејќи секој пат кога ќе покажат малку гола кожа, тоа е вистинско изненадување за мажите.
Неодамнешните истражувања на полскиот Универзитет во Вроцлав покажаа дека мажите сметаат дека жените во зима се многу повеќе атрактивни. Причината, според истражувањето, лежи во мистериозноста на голата женска кожа што многу ретко може да се види зимно време.
Оваа студија даде ново гледиште на привлечноста меѓу половите. Според резултатите, жените се попривлечни зима, а мажите се повозбудени било кое друго време во годината. Експертите веруваат дека ова игра значајна улога во машко – женските односи, бидејќи годишните времиња имаат голема улога при изборот на идеалниот партнер, но влијаат и на неверствата.
”Не постои разумно објаснување зошто се жените се попривлечни за мажите во зима. Се верува дека тоа се должи на облеката. Женските тела се целосно покриени во зима, што кај мажите ја буди фантазијата. Тоа е така бидејќи во другите годишни времиња мажите се навикнати на изложеност на разголени женски тела, па почесто губат интерес“, вели шефот на истражувањето спроведено на примерок од 6000 мажи.
Истражувачите објаснуваат дека мажите се изложени на голи женски тела до степен што стануваат многу пребирливи кога треба да изберат атрактивна жена. Зимно време тие ја немаат таа привилегија, па затоа мора да ја употребат својата фантазија.