„Фејсбукашите“ стануваат повнимателни!

popara29 февруари, 20121min00
149378

Корисниците на социјалните мрежи се повеќе поставуваат строги барања во однос на приватснота на своите податоци, така што го ограничуваат пристапот на непознатите лица до овие податоци.

Њујорк – корисниците на Фејсбук и другите социјални мрежи стануваат се помалку друштвени, покажале најновите истражувања од непрофитната организација IALP (Internet & American Life Project).

Зголемениот број на корисници на социјалните мрежи, довело до тоа самите корисници да си поставуваат строги барања во поглед на приватноста на своите податоци.

Истражувањата утврдиле дека две третини од корисниците на социјалните мрежи во САД или 63% ди сега имале избришано најмалку еден „пријател“ од листата.

Скоро половина од нив, 44% ги  избришале коментарите од своите пријатели на нивните профили, додека 37% од анкетираните ги тргнале ознаките од фотографиите.

Истражувањето покажало и тоа дека жените се повнимателни корисници, отколку мажите.

Меѓу жените дури 69% своите безбедносни поставки ги ставиле на највисоко ниво, додека 48% од мажите го направиле тоа.

Независно од полот 58% од испитаните изјавиле дека нивните профили може да ги видат само нивните пријатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag