„Метеорито“ – вино со вкус на метеорит!

popara13 март, 20121min00
fy7

Винарот и астроном Ијан Хачен лансирал уникатна сорта на вино зачинет со метеорит стар 4,5 милијарди години.

Тој дошол на идеја да создаде оригинално вино кое ќе се разликува од досегашните кои се продавале на туристите за време на посета на астрономскиот центар Тагуа Тагуа кој се наоѓа на 120 километри од главниот град на Чиле.

Тој во виното додал мало парче метеорит од астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер стар 4,5 милијарди години.

Хачен метеоритот кој пред 6000 години паднал во пустината Атакама во Чиле, го позјамил од свој пријател кој е колекционер на метеорити.

„Идејата поради која метеоритот е ставен во виното е можноста луѓето да допрат нешто што е од вселената“, изјавил тој.

Првите 15.000 шишиња од ова вино веќе се продаваат низ светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag