Трендовите во однос на фризурите многу често се менуваат, но има причина зошто точно овој тренд е еден од омилените на многу жени по светот, вклучувајќи ги и ѕвездите од црвениот тепих. Причината е во тоа што оваа фризура никогаш наполно не излегла од мода, таа само претрпува извесни модификации, но постојано е присутна. Освен тоа е со универзална примена затоа што одговара речиси на сите типови лице. Погледнете што избравме од модните писти и колку влијателна е оваа фризура повторно.