
Има некои работи за кои е добро да знаеме дека се плод на биологија и генетика. Имате ли проблем со тоа да откриете што се случува во главата на мажот? Ние ќе ви ја олесниме таа проблематика со овие 10, синтетизирани од експерти вистини, кои е добро да ги знаете за машкиот мозок.
Поемоционални – прифатено е жените да се сметаат за поемоционални, но таа особина е поизразена во машкиот мозок.
Почувствителни на тема осаменост – мажите бараат помош многу поретко од жените, што пак од своја страна ја задлабочува осаменоста и го засилува нејзиниот еквивалент во нивниот мозок. Тоа што не ги изразуваат емоциите преку зборови, не значи дека внатрешно не преживуваат драми.
Концентрација врз решавање на конкретниот проблем – додека повеќето истражувања сочат дека жените се посклони да изразат сочувство, експертите потенцираат дека тоа сосема не е така. Системот одговорен за изјавување сочувство и жал во машкиот мозок кога некој има проблем, реагира посилно отколку кај жените.
Програмирани да се загледуваат по жени – често го поврзуваат тестостеронот со агресијата и бурниот машки темперамент, но тој е и одговорен за либидото. Па затоа донекаде не сносат вина, ако погледот им забегува, бидејќи тоа им е во крвта, во буквална смисла на зборот. Тестостеронот ги контролира импулсивните реакции и тие немаат контрола над тоа.
Територија – станува збор за еволуција. Дел од машката улога е да ја заштитува својата територија. Мажите за разлика од жените се многу посклони да бидат и агресивни ако треба кога се исправени пред опасност за љубовната или животната територија. Истото се однесува на силно изразеното чувство за сопственост.
Сакаат да наредуваат – нестабилна и нејасна хиерархија создава дискомфорт во психата на мажот. Во ваква ситуација нивото на тестостерон се зголемува и вродениот инстикт да се стреми да биде алфа мајжак започнува да афектира на начинот на поведение.
Созреваат покасно од жените – психолошките студии покажале дека мажите покасно созреваат и дека тоа повторно се должи на тестостеронот. Со зголемување на возраста нивото на овој хормон опаѓа, па соодветно мажот придобива стабилност и зрелост.
Моментот кога ќе стане татко – според резултатите на институтот за еволуција и човечко поведение, идните татковци исто така минуваат низ хормонални промени, нивото на пролактин се зголемува, а тоа на тестостерон намалува, што веројатно го активира родителскиот инстикт.
И тие како жените мечтаат за свадбени ѕвона – жените сонуваат да се задомат, а мажите да лудуваат засекогаш, гласи клишето. Но ова може да се покаже како една од најголемите заблуди, која најверојатно се должи на фактот дека за тест субјекти во анализите по темата најчесто се користат млади мажи и студенти.