10 совети против стрес

slobodan9 декември, 20121min02
stres

Сите знаеме колку е динамичен денешниот живот, колку стресот влијае на секојндевието и колку луѓето тешко се справуваат со него. Доколку ги применувате следните совети, на добар пат сте да успеете во ослободување на секојдневните грижи. Поедноставете го својот ден
– направете дневен попис на работите кои сакате да ги извршите во текот на денот
– заокружувајте ги едно по едно откако ќе ги остварите, и ќе видите колку грижи ќе ви исчезнат
Исчистете го својот работен простор
– често со чистењето се елиминира стресот, затоа искористете по неколку минути во денот за чистење
– во таквиот простор концентрацијата ќе ви биде поголема
Внесете некоја промена
– Уредете ја својата канцеларија или биро со мотиви кои вам ви се омилени, или со слики на омилени личности од вашиот живот
– Внесете топли бои во просторот
Користете повеќе светло
– Лошото осветлување може да го оштети видот и да предизвика умор
– Со повеќе светлина ќе се чувствувате поведро
Вежбајте
– Секој изговор да не вежбате е непотребен
– Земете една вежба и практикувајте ја секое утро по 10 минути
– Со вежбањето ќе ја подигнете својата енергија и ќе го подобрите расположението
Хранете се здраво
– Јаболко наместо брза храна
– Многу вода
– Овошје, зеленчук, риба и житарици
– Помалку шеќер и сол
– Јадете бавно
Одмарајте
– Застанете за момент и почестете се со краток одмор
– Прошетајте на свеж воздух и дишете длабоко
Научете да кажувате НЕ
– Брзото темпо на денешницата не тера да бидеме на повеќе места во исто време
– Исфрлете ги непотребните обврски
– Посветете време на себе и семејството
– Кажете не на секоја обврска која ви создава непријатност
Смејте се повеќе
– Насмевката е здрава и за оној кој ја и дава и за тој што ја прима
– Секој ден смејте се повеќе, така ќе се чувствувате многу подобро и ќе зрачите со позитивна енергија
Дружете се со позитивни личности
– Во позитивен простор секогаш полесно ќе ги извршувате работите
– Од секоја позитивна личност извлечете позитивна енергија
– Бидете задоволни со себе и размислувајте позитивно

2 comments

  • Martina

    28 април, 2013 at 21:20

    Kaj go ima? Go naraca ili po aptekive?

    Reply

  • Dine

    28 април, 2013 at 21:19

    Јас пиев Адренал за стрес и депресија.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag