Аеродромот во Манчестер потврди дека едно 11 годишно момче успеало да влезе во авионот кој патувал за Италија, а при тоа во себе немал ни пасош, ниту карта.
Момчето успеало да помине низ аеродромското обезбедување веројатно со друго семејство. Било откриено кога авионот бил во воздухот.
Портпаролот на аеродромот изјавил дека неколку вработени лица биле суспендирани поради овој пропуст.
Се верува дека детето избегало од дома.