12-годишната Оливија Менинг од Ливерпул примена е во MENSA откако е откриено дека има голем коефициент на интелигенција од научниците Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. Поточно, нејзиниот IQ е високо дури 162.
Менинг на тестот за интелигенција имала два бода повеќе од Ајнштајн и Хокинг. Таква интелигенција има само еден отсто од луѓето во светот.
“Многу пријатели доаѓаат да им помогнам да ја завршат својата домашна задача. Јас само сакам предизвици и да ги предизвикам своите мисли”, изјавила 12- годишната девојка.
Истакнала дека отсекогаш знаела дека има способност брзо да запомни и научи, но не ни претставувала дека има толку високо ниво на интелигенција. Во иднина планира да се посвети на училиштето, односно на науката и на тој начин да го искористи својот потенцијал.