12 – годишно момче најмлад студент во Велика Британија

popara13 септември, 20121min00
xavier-gordon-brown

12 – годишниот математички гениј Ксавиер Гордон-Браун е дефинитивно најмладиот студент во Велика Британија.

Ксавиер во слободно време проучува сложени концепти како што се апстрактни структури, вектори и механика на Њутн. Покрај математика, Ксавиер свири неколку инструменти и е добар фудбалер.

Ксавиер, кој минатиот месец наполнил 12 години, знаел да множи пред својот 4-ти роденден, а пред да се започне на училиште знаел напамет да пресметува со големи цифри.

Факултетските студии ќе мора да ги усогласи со обврските на музичкото училиште во кое свири кларинет, пијано и виолина. Ксавиер исто така, зборува три странски јазици.

Иако останатите студенти се два пати постари од него, Ксавиер е најдобар студент во “генерацијата”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma