Мелори Киевман веројатно го решила непријатниот проблем со кој сите се соочуваат, икање, и тоа со помош на лижавче.
13 годишната Мелори лекот против икање почнала да го бара шред две години. Се обидувала на разни начини, со пиење морска вода, јадење шеќер, меѓутоа ништо не помогнало. Сепак таа била доволно упорна се додека не успеала.
Денеска таа се обидува да го комерцијализира својот магичен лек против икање, кој се нарекува „Hikupops”. Таа го измислила лекот во кујната на совите родители во Манчестер, Конектикат.
Таа го помешала лижавчето во вино од јаболко, оцет и шеќер. Тоа провоцира низа нерви во грлото и устата кои се одговорни за рефлексите при икањето.