Rivale Roadyacht GTS е резултат на дивата имагинација на тројца мажи кои веруваат дека секој сон може да се оствари. Нивниот сон испадна да биде лимитирано издание на супер-автомобил со само 20 произведени единици и само три бои на екстериерот.
Според Savage ова ќе биде единствениот “топлес” супер-автомобил со 4 врати во светот. Тој е комбинација на “лошо-момче” надворешен дизајн аспект со внатрешен дизајн инспириран од јахтите. Со V8 мотор со 670 КС под хаубата, Rivale Roadyacht GTS ќе биде способен да постигне 0-100 км/ч за 3,4 секунди, додека максималната брзина ќе биде импресивни 330 км/ч.