Најголемиот саем на потрошачи на електроника, CES заврши пред некој ден во Лас Вегас каде се претставени бројни новитети.
Меѓу голем број на лап топ и таблет компјутери, 3D телевизори и други производи, најголемо внимание сепак, како и секогаш предизвикаа новите генерации на мобилни телефони.
Најголемо внимание предизвика новиот мобилен од Nokia Lumia 900, која е придвижуван од “Windows Phone 7,5” оперативен систем. Овој уред би требало да се појави до крај на јануари. Се карактеризира со екран од 4,3 инчи, резолуција од 480×800 пиксели, просецор од 1,4GHz, кој заедно спакуван со 512 MB рам меморија овозможува квалитетно и брзо работење со апликациите. Камерата е 8 мегапиксели и има опција за снимање со 720p@30fps.