25 години од смртта на Енди Ворхол!

popara21 февруари, 20121min00
tdw

Преед 25 години на 22 февруари 1987 година, Енди Ворхол една од најпознатите фигури во популарната култура, американски сликар, режисер, публицист, глумец, почина на 58 годишна возраст.

Роден како Ендру Ворхол во Питсбург, Пенсилванија. Рано го покажал својот талент за уметноста и студирал дизајн на Универзитетот во Питсбург.

Во Њујорк се преселил во 1949 година и започнал успешна кариера во еден магазин, а се занимавал со илустрација и реклами.

Во текот на 60-тите Ворхол станува еден од најупсешните рекламни илустратори и познат уметник во Америка.

Ворхол е меѓу првите уметници кои го гледале односот меѓу комерцијалната уметност и уметноста. Наместо да ги гледа како спротивности, што било случај со другите уметници, тој почнал да ги спојува двете во популарната култура, поп-арт.

Поп артот тогаш била експериментална форма која само неколку уметници почнале да ја прифаќаат. Ворхол подоцна е познат и како (Pope of Pop).

Неговите слики прикажуваат ликови од цртани филмови и реклами, кои тои ги работел рачно. Подоцна, Ворхол идеите ги црпи и од музичките бендови, ѕвездите и доларите.

Ворхол ги сликал и познатите американски производи како што е кока кола, но и познатите личности како Мерлин Монро, ЕЛизабет Тејлор, Елвис Присли.

Во 1963 година тој го основа студиото „Фабрика“(The Factory) и околу себе ги собира сликарите, писателите, музичарите и други познати личности. Неговото творештво набрзо станува популарно, но и контроверзно.

Во 1968 година Валери Соланас пукала на Ворхол, бил тешко ранет и едвај преживеал. Таа се појавува и во неговиот филм (I, A Man).

Во споредба со успехот и скандалите во текот на 60-тите години, 70-тите биле помирни. Ворхол почнал да слика нови и богати личности. Еден најпознат портрет на Ворхол е оној на Мао Це Тунг направен во 1973 година.

Ворхол е еден од првите геј американски уметници кои јавно проговореа за својата сексуалност. Многумина го сметале за војаер или асексуалец. Но тие тврдења биле отфрлени од неговите биографи.

Ворхол почина на 58 години во Њујорк. Славата, успехот и дружењето со познатите не му беше ништо  непознато на овој контроверзен уметник. Наводно, по операцијата која му била направена на жолчката тој добро се опоравувал, но по неколку дена починал во сон од срцев удар. Тој бил погребан во родниот Питсбург.

Неговото влијание на уметноста, културата и поместувањето граници никако нема никогап да избледи. Ворхол ќе остане запаметен како еден од најмаркантните уметници на дваесет и првиот век.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag