
Зголеменото опаѓање на косата најчесто е последица на генетиката, но и користењето на јаки шампони и честото миење, како и секојдневниот стрес. Зашто треба да направите се за да го подобрите или успешно да го сочувате квалитетот на својата коса.
Метаболизмот на косата е брз и подложен на влијанието на околината, па со самото тоа нормално е влаканата со тек на време да ја смени својата боја, квалитет и изглед.
Благи шампони
Должината на животниот циклуц на влакната варира од две до пет години, а физиолошкото опаѓање на косата е последица на стареење и регенерација. Затоа обратете внимание на козметиката која ја користите. Ако веќе сте навикнати често да ја миете косата, користете благи шампони. Посоветувајте се и со дерматолог ако сакате да купите некој производ против опаѓање на косата. Пожелно е еднаш неделно на косата да нанесете маслиново масло.
Исхрана
Правилната исхрана секако дека може да го ублажи опаѓањето на косата и да го подобри квалитетот на влакната. Затоа е неопходно менито да ви биде збогатено со намирници како спанаќ, суво овошје, џигер, жолчки, морски плодови, месо, риба, интегрален леб, какао, пиперки, печурки, маслинки, морков, кајсии, домат, рибино масло, квасец и овошје можат да направат повеќе за вашата коса отколку препаратите.
Плакнење
Посме миење, косата исплакнете ја со чај од камилица. Во литар зовриена вода ставете четири лажици сушена камилица, исцедете по 10 минути и кога чајот ќе се олади до температура која е пријатна за користење, исплакнете ја косата. Во иста цел и на ист начин се подготвува и чајот од коприва, со тоа што во тој случај, најизменично се користи чај од корен и чај од листови.