Доколку сексот во последно време стана монотон, време е да превземете иницијатива и да го зачините вашиот сексуален живот. Следете ги овие совети и страста сигурно нема да исчезне од вашиот живот.
1. Играјте според сетилата
Што повеќе сетила користите, сексуалното задоволство ќе биде потполно. Затоа ставете парфем, студиите покажуваат дека чувството за мисрис е најсилно поврзан со возбудата. Не го заборавајте ни увото. Шепотете му на својот сакан “убави нешта” директно во убото. Исто така, носете секси облека, таа многу брзо ќе го стави вашиот партнер во петта брзина.
2. Покажете ги своите потреби
Вашиот партнер не може да ги чита вашите мисли. Значи за да бидете целосно задоволни, кажете му што точно сакате. Додека водите љубов нежно поместете ја неговата рака на местото каде што сакате да биде и поттикнете го со зборовите: “Се чувствувам волшебно кога ќе го правиш тоа”.
3. Не одете во кревет лути
Важно е секое несогласување со партнерот да го решите пред да влезете во спалната соба. Многу пати очајниот секс е знак дека двојката има потиснати проблеми. Дури кога ќе ги решите несогласувањата, можете да се фокусирате на водење љубов…