Повеќето луѓе јадат јајца за појадок, бидејќи пред се лесно се подготвуваат. Но малкумина знаат дека јајцата имаат голема хранлива вредност. Појадокот кој содржи јајца е еден од најздравите појадоци.
- Јајцата ја зголемуваат енергијата – за најдобри резултати јадете варено јајце.
- Протеините ви даваат сила – белките имаат протеин кој помага да се чувствувате силни, а доколку вежбате ќе изградите мускули.
- Помагаат во губењето килограми – јацата не дебелеат, а многу студии потврдиле дека тие помагаат во губењето килограми.
- Ве одржуваат сити – ако појдаувате јајца верувајте дека ќе бидете сити до ручек.
- Јајцата ја подобруваат моќта на мозокот – го стимулира функционирањето на мозокот, ја подобрува меморијата и когнитивните функции.