5 работи кои не смеете да ги заборавите на годишен одмор

popara16 август, 20121min00
ubavina

Деновите без шминка, пеглање на косата и претерани козметички производи, за поголемиот дел од женитесе главните придобивки од годишниот одмор, но без оглед на “опуштеноста” која ја носи одморот, важно е да припазите на следниве работи за од одмор да се вратите уште поубави.

Лице

Поради изложување на сонце и ветерот, кожата ја губи влажноста и еластичноста што може да доведе до предвремено стареење на лицето. Хидрантните креми нанесувајте ги неколку пати дневно, но не заборавајте на вратот и деколтето.

Коса

Во лето многу е важно да обезбедите дополнителна храна за косата која е оштетена од морето и сонцето, па на секои неколку дена на неа нанесувајте маска и држете ја на глава десетина минути. Можете да се послужите и со маслиново масло кое е одлична храна за косата и телото.

Пети

Сакате да ги задржите стапалата убави и меки, редовно нанесувајте густа хранлива крема на овој предел. Кремата за раце е одличен избор за стапала.

Кутикули

Сувите раце и кутикули ќе го уништат и најубавиот маникир, а покрај тоа ќе придонесат за груб изглед на овој дел од телото. Рацете редовно мачкајте ги со крема, а за кутикулите ставајте серум или масло за тело.

Очи

Брчите околу очите често настануваат токму во лето, поради мижење и губење на влажност во кожата, па оваа незгодна појава би требало да ја спречите на време. Пијте многу вода, а пределот околу очите редовно мачкајте го со хидратантна или хранлива крема наменета за овој дел од лицето…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma