Кога сте на плажа последно што ви треба е грижата за целулитот. Прочитајте кои се најдобрите начини за најбрзо да го отстраните…
Што е целулит?
Нерамен дел на кожата или целулитот се појавува кога маснотиите под кожата се повредени и врз него не влијаат останатите масни наслаги и мускули во телото. За жал, во повеќето случаи прашањето за целулитот не зависи толку многу од нас како од генетиката. Значи, ако вашата мајка има целулит ќе го имате и вие. Сепак, постојат многу превентивни мерки за да се спречи или значително се намали неговата видливост.
Здрава исхрана
Веруваме дека знаете, но исто така претпоставуваме дека не ги следите овие правила. Здравата исхрана е еден од клучните фактори во спречувањето на целулитот. Хранливите влакна на овошјето и зелечукот помагаат да се елиминира отпад и токсини од цревниот тракт. Исто така, треба да внесувате многу вода. Доколку го зголемите дневниот внес на вода, вашето тело ќе почне да ги исфрла вишокот на маснотии, вклучувајки и складирањето на маснотии кои го прават целулитот. Водата, исто така го стимулира производството на колаген во кожата која води кон нејзин поздрав изглед.
Редовно вежбање
Бидејќи целулитот е маст, вежбањето може многу да ви помогне. Затоа секоја физичка активност како одење, џогирање, пливање, јога неколку пати неделно е многу важен фактор во броба против целулитот.
Масажа на критичните места
Масирајќи ги местата зафатени од целулитот ја поттикнувате циркулацијата и ги разбивате задржаните течности под кожата и така и давате подобар изглед на површината.
Пилинг
Доколку масажите не помагаат користете пилинг за тело кој содржи кофеин и особено за време на триењето на кожата фокусирајте се на местата погодени од целулитот. Третманот повторувајте го повеќе пати.
Серум против целулит
Кремите и серуми со ензимот Q10 се навистина делотворни во превенција на целулитот. Користењето на овие серуми може да се види на првите резултати по околу десет дена.
Креми за потемнување
Поради тоа што не постои лек за целулит, она што во моментот може да ви помогне е крема за потемнување која ќе ја намали неговата видливост.