Ако сакате да раговарате во кревет, морате да водите сметка што зборувате за да не го повредите посилниот пол.
Мажите се многу осетливи на зборовите за нивните способности во креветот. Ако не сакате да го навредите или да го деморализирате, обидете се никогаш да не ги изговорите следните зборови:
Не ја заврши работата до крај!
Не е само тој виновен што не си доживеала оргазам, бидејќи со оваа реченица ќе предизвикаш тој да се чувствува безвреден и недораснат. Сама мораш да завршиш половина од работата, пред се да се опуштиш, бидејќи многу пати загриженоста и вкочанетоста се причина за неуспешно “завршена работа”. Дури 33 од 50% од жените не доживуваат редовно оргазам, а 5 од 10% никогаш не ни доживеале.
Веќе си готов?!
И тој сигурно би сакал да издржи малку повеќе, но тоа и не е баш така едноставно. Ако имаш потреба од долг секс, кај него може да се створи доплонителен притисок кој ќе доведе до прерана ејакулација. Нека се потруди на друг начин околу тебе ако заврши прерано.
Можеше да биде поголем!
Оваа реченица ниту на сон не ја изговарајте, не би требало дополнително да му создаваш комплекси. Ако не си задоволна со неговата големина, побарај друг!
Мојот бивши беше подобар!
Ова е еден од погрубите начини за нешто да му се осветите. Овој склоп на зборови не би требало никогаш да ги изговорите.
А да земам вибратор?!
Сексуалните играчки се забавни и сигурно можат да го подобрат вашиот сексуален живот, но никој не сака да се натпреварува со нешто што работи на батерии. Со внимателно избрани зборови внесете ја играчката во вашиот кревет.
Сексот со тебе е досаден!
Ако ти е толку досадно, превземи иницијатива, смени ја играта, па нема да се досадуваш. Не препишувај се на него, не е тој за се виновен.