Новиот извештај на светската банка покажува дека 75% од светската популација има мобилни телефони.
Бројот на мобилни претплатници значително пораснал во последните 12 години. Во 2000-та година имаше скоро милијарда, а денеска има 6 милијарди корисници.
Повеќето корисници се од земјите во развој. Предизвикот на мобилната технологија е сега да се овозможи на луѓето, компаниите, владите во овие земји да развиваат сопствени локални мобилни апликации за да ги искористат сите предности.
Паметните телефони и пакети за пренос на податоци сепак се далеку од многу домаќинста.