8 знаци дека правите емоционално неверство

popara3 септември, 20121min00
emotivno neverstvo

Нема личност која е имуна на емоционално неверство. Границата помеѓу длабоко пријателство и љубов е многу тенка, па ако имате пријател кој ви е поблизок од вашиот партнер, проверете да не сте стапнале во зоната на неверството.

Емотивното неверство се случува кога ќе дозволите друго лице да ги исполни емотивните потреби кои би требало да ги задоволи вашиот партнер. Овој однос најчесто почнува невино, но токму тоа е причина да бидете внимателни, бидејќи со таквото однесување сами отворате врата за несоодветна врска.

Ние ви претставуваме осум знаци дека сте заробени во деликантната мрежа на интимноста која води до емотивно неверство. А тогаш сте само неколку чаши вино далеку од реалното неверство.

  1. Очекувате средба со него и сте повеќе возбудени отколку во средбите со останатите пријатели. Со него поминувате повеќе време отколку со другите.
  2. Се забележувате себе дека повеќе се средувате и дотерувате со надеж дека тој тоа ќе го забележи.
  3. Му се доверувате за своите проблеми и односи со луѓето.
  4. Се трудите секогаш да мате интересни коментари додека разговарате со него.
  5. Кога нешто ве мачи, се обраќате прво кај него, а потоа кај својот партнер.
  6. Фантазирате за тоа како би било да сте во врска, го замислувате и сексот со него.
  7. Или за него премногу зборувате пред партнерот и пријателите или никогаш не го споменувате чувајќи го како тајна.
  8. Не би можеле лесно да му кажете на вашиот партнер се за вашиот однос со таа личност, бидејќи сте свесни дека нешто од тоа е несоодветно.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag