Едноставни игри кои можете да ги приредите дома, ќе ви го променат сексуалниот живот, а потребни ви се хартија, пенкало и малку имагинација.
1. Погодете ја точката
Прво двајцата на лист нацртајте го своето тело и од преднта и од задната страна. После тоа означите 10 ерогени зони, но вашиот партнер да не ги види. Погодувајте си ги и двајцата возбудливите точки, а оној кој прв ќе погоди има право на сексуална желба. Оваа игра може да ја завршите и на друг начин, ако партнерот не ја погоди вашата ерогена зона, за казна нека ве бацува или грицка.
2. Потсетник
На мобилен пратете си 5 безобразни предлога, но без да гледа партнерот, така што пораката ќе може да ве изненади. Поиграјте си со најизопчените желби, но ако на партнеро т не му се допаќа, не би требало да се реализира. Напишете му да ве изненади со позата 69 или да ви прати секси слика. Оваа игра може да послужи како предигра.
3. Локација против монотонија
За време на вечерата сокријте со во тоалет и уживајте во страствените бакнежи или дури и во орален секс. Стравот да не ве фатат ќе донесе нова доза на возбудување во вашата врска, а оваа игра е одличен повод за жешката игра. На ист начин можете да си играте и дома, сексот не е резервиран само за спалната соба. Истражете го секој кош на вашиот дом.
4. Картите исполнуваат се
Заедно со партнерот направете 20 карички и на секоја од нив напшете секси игра која би сакале да ја остварите. Распоредете ги картичките пред себе, а истото тоа нека го направи и вашиот партнер. Влечете од картичките и остварувајте си ги желбите еден на друг. Ако некоја од идеите не ви се допаѓа, договорете се со партнерот до каде сте спремни да идете.
5. Звездите на своите еротски приказни
И зборовите може да возбудат, па затоа почнете да пишувате еротски приказни во кои сте вие главна улога. Вие напишете ја реченица, а вашиот партнер нека продолжи. И така наизменично додека не напишете вистинско мало сценарио. Пишвајте за тоа што ве возбудува, каде би сакале да водите љубов. Зборовите спроведе ги во дела.
6. Секс со непознат
Ако еротската приказна не запали, секогаш можете да се преправате дека не се познавате. Одберете кафуле и однесувајте се како странци. Флертувајте и дадете му на дознание дека барате секс без обврски за една ноќ и ништо повеќе од тоа.
7. Искористете ја облеката како жешка играчка
Предиграта започнете ја така што ќе си ја соблечете облеката еден на друг. Неговата кравата искористете ја како превез за очи и кажете му само со раце да го истражува вашето тело или пак врзете го за кревет и зборете му што се ќе му правите.
8. Со фрлање паричка одредете кој ќе игра стрптиз
Стриптизот не е задолжително резервиран само за жени. Намалете го светлото, пуштете музика и земете паричка во рака. Ако падне на писмо, вам ви е ред да изведете стриптиз, а ако е глава тој ќе ви приреди возбудлив танц.
9. Блек Џек во кревет
Играјте Блек Џек, но наместо да вложувате пари, вашите влогови нека бидат бакнежи, масажа или орален секс. Тој што губи треба да ги исполни сите желби. Ако сакате да ја загреете играта, секој пат кога некој од вас ќе добие повеќе од 21 во карти, мора да соблече дел од блеката. Оваа е игра е слична на Покер во соблекување, но е побрза и подинамична.