Американскиот печат пишува дека пејачката се обидува да го спречи објавувањето на “интимно” видео.
Адел за своите поранешни дечковци испеа по неколку песни кои се најдоа на албумите “19” и “21”, најде нова љубов и освои шест Греми награди, но секогаш се појавуваат нови информации во јавноста. Најновите озборувања е дека пејачката е “ѕвезда” во интимно видео со еден од своите поранешни дечковци.
Информацијата за првпат беше објавена од страна на француските сајтови, додека пак печатот во Британија, каде што живее пејачката сеуште се нема позанимавано со наводната секс снимка.