Таа е една од најпознатите пејачки на светот, со рекордна продажба на првиот албум, но исклучителната популарност во музиката не значи и популарност во модната индустрија.
Всушност, магазинот Vogue, чија насловна страна ја краси британската музичка ѕвезда Адел, е еден од налошо продаваните во историјата на овој моден магазин, открила уредничката Александра Шулман.
За време на интервјуто во Лондон, Шулман признала дека славата не значи добра продажба.
“Адел е една од најпознатите жени во светот, но насловната страна со нејзиниот лик е една од најлошо продаваните некогаш! Верувам дека читателите мораат да се поврзат со личноста на насловната, без оглед на тоа како таа изгледа”, изјавила уредничката на Vogue.
Изгледа дека музичките ѕвезди не се привлечни за читателите на Vogue, бидејќи изданијата, на чии насловни се појавија, забележуваат лоша продажба.
“Нашето најпродавано издание беше нашиот илјадити број, на неговата насловна немаше никој, но купувачите можеа да ја видат својата рефлексија на сјајната хартија. Тоа многу Ви кажува”, открила Шулман.