Познатата пејачка Адел изгледа дека вешто ги крие деталите од својот приватен живот.
Само еден месец пред породувањето Адел била снимена во црн долг фустан, а на прстот можел да се забележи златниот прстен.
Еден извор за Life&Style изјавил дека Адел и Симон успеале да ги сочуваат сите информации за бебето од јавноста, а успеаа и да се венчаат тајно без никој да дознае.
Изворот додал дека Адел е старомоден тип на жена и сака да се фокусира само на семејството, бебето и својот сопруг.