Моделот на Викторија Сикрет Адријана Лима и нејзиниот сопруг кошаркарот Мaрко Јариќ станаа горди родители на уште една принцеза.
Манекенката утринава на Твитер ја објави радосната вест дека на свет дошла нивната втора ќеркичка.
„Марко и јас сме пресреќни што Сиена е дел од нашето семејство и Валентина едвај чека да почне со својата улога на постара сестра“, напишала гордата мајка на својот Твитер профил.
Сиена е втора ќерка на познатата двојка. Веќе ја имаат тригодишната Валентина, па се надеваме дека за нив ќе важи правилото „трето па машко“.